За нас
Институтот за тутун од Прилеп е eдиница на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола. Институтот за тутун врши научноистражувачка, едукативна, апликативна, издавачка, производна и други дејности од областа на тутунопроизводството.
Позначајни области на кои е фокусирана работата на Институтот за тутун се:
- Kреирање на нови, одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун
- Оптимизирање на агротехничките мерки
- Проучување на болести, штетници и плевели
- Одредување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки
- Следење на процесите на побербената обработка на тутунската суровина
- Проучување на тутунското стопанство од економски аспект
Денес, Институтот за тутун располага со:
- Управна зграда, каде што се сместени управата, лабораториите, кабинетите и останатите придружни служби.
- Стопанската зграда во која се сместени магацините за семенски материјал и за произведениот тутун од опитите и од масовото производство. Во кругот на оваа зграда постојат две ѕидани и три монтажни сушници за сушење на тутун од типот вирџинија.
- Во третата зграда која порано била наменета за ферментација на тутунот, денес се сместени и Институтот за старословенска култура и Музејот за тутун.
- Опитно поле со површина од околу 31 хектар.
- Библиотека со вкупен број на библиотечен фонд од повеќе од 4200 книги и 125 наслови на научни и стручни списанија.
- Музеј за тутун со стална поставка од 1600 експонати.
- Уметничка збирка од 150 ликовни и скулптирни дела и две макети на стари македонски куќи.
- Метеоролошка станица