Одделение за технологија и хемија на тутунот и тутунските производи

Ова одделение врши хемиски испитувања на сите типови тутун и тутунски преработки застапени во Република Македонија. Испитувањата се вршат со цел да се утврдат нивните квалитетни својства.

Исто така во ова Одделение се обработуваат поберидбените процеси на тутунот и тоа: нажолтување, сушење, манипулација, ферментација и чување на тутунот. Исто така се проучуваат и технолошките постапки од фабрикацијата се до изработка на готов производ – цигара. Во доменот на сушење на тутунот веќе се дадени и комплетни решенија кон намалување на трошоците на сушењето со изградба на комбинирани сушници.

Главни дејности на Одделението се:

  • Испитување на хемискиот состав на тутунот и тутунскиот чад
  • Научноистражувачка работа од областа на хемија на тутунот
  • Проучување на современите аналитички методи и развивање на сопствени методи за анализа на тутунот и чадот.

Во склоп на одделението постои акредитирана лабораторија за испитување на хемискиот состав на тутунот и тутунскиот чад.

Анализите во лабораторијата се вршат според препорачани, признати методи и во согласност со меѓународни стандарди на CORESTA, ISO и DIN.

Лабораторијата е овластена од Министерството на Р. Македонија за вршење на хемиски анализи на тутун и тутунски преработки и опремена со соодветни инструменти.

  • Спектрометар PUUV/VIS
  • Машина за пушење Borgwaldt CRM 20
  • Анализатор за CO/CO2 Borgwaldt C-24
  • Апарати за мерење и контрола на физичките параметри на цигарите

Во oва одделение постои и акредитирана лабораторија за испитување на физичките, водно-физичките и други технолошки својства на тутунот. Лабораторијата е овластена за издавање на сертификати за автентичност на тутунската суровина.

Научно истражувачки кадар

Вон. проф. д-р Наташа Здравеска

Раководител на одделение
Виш научен соработник

Вонреден професор

natasa.zdraveska@uklo.edu.mk

Проф. д-р Марија Србиноска

Научен советник

Редовен Професор

marija.srbinoska@uklo.edu.mk

Васе Јованоска

Хемиски Техничар

Мери Чупетреска

Лаборант

м-р Бојана Димовска -Гоновска

Асистент

bojana.gonovska@uklo.edu.mk