Одделение за генетика, селекција и семеконтрола
Ова одделение работи на проблемите сврзани со типскиот состав на тутунот во Република Македонија според потребите на внатрешниот и надворешниот пазар. Својата научноистражувачка работа ја има усмерено кон подобрување на постојните и кон создавање на нови сорти тутун.
Одделението располога со aкредитирана лабораторија за контрола на квалитетот на семе од земјоделски растенија, in vitro лабораторија и ген-банка за колекционирање на семенски материјал од сите типови и сорти тутун како и повеќе диви видови тутун.
Во склоп на Одделението се работи и на проучување на економската проблематика на тутунското стопанисување во целиот репродукционен процес. Се проучува влијанието на економските мерки и инструментите на економската политика на Земјата и нивното влијание врз тутунското стопанство и дава предлози и мислења за прилагодување на истото. Се изработуваат анализи, елаборати и проекти од областа на примарното производство, обработката, преработката и прометната и финансиската сфера, а исто така се врши проценка на претпријатијата, изготвување на инвестициони програми, како и секаков вид на програми од областа на економијата и менаџментот на претпријатијата.
Научно истражувачки кадар
Вонр. проф. д-р Каролина Кочоска
Раководител на одделение
Виш научен соработник
Вонреден Професор
Вонр. проф. д-р Силвана Пашовска
Виш научен соработник
Вонреден Професор