Почетна/За Институтот/Одделенија/Одделение за агротехника на тутунот

Одделение за агротехника на тутунот

Активноста на Одделението за агротехника на тутунот е насочена кон примена на најсовремени агротехнички мерки за добивање на тутунска суровина со висок принос и квалитет. Својата дејност ја остварува преку полски демонстративни опити. Во оваа Одделение постои Акредитирана лабораторија за испитување на поважните агрохемиски параметри, како и содржината на поважните макро и микро елементи во почвата и растителен материјал. Се вршат испитувања на поважните водно-физички својства на почвата и режимот на наводнување на тутунот.

ИТП преку Одделението за Агротехника, е првата Институција во Република Македонија која врши систематска контрола на плодноста на тутунските почви и дава соодветни препораки за рационално ѓубрење.

Вонр. проф. д-р Билјана Јорданоска-Шишкоска

Раководител на одделение

Виш научен соработник

Вонреден Професор

biljana.jordanoska@uklo.edu.mk

Проф. д-р Валентина Пеливаноска

Научен советник

Редовен Професор

valentina.pelivanoska@uklo.edu.mk

Горан Пашоски

Техничар

Цене Велеска

Техничар