Музеј за тутун

Сегашната форма на Музејот за тутун е од отворањето на изложбата по повод 60-годишнината од постоењето на Институтот за тутун. Музејот за тутун располога со голем број на експонати (лулиња, чибуци, табакери и бурмутници) како и уметничка збирка која брои 150 ликовни и скулптурни дела и две макети на стари куќи. Експонатите се откупени од разни институции и поединци од цела Европа, мал дел од Азија и Африка, мал дел се подарени. Местата од кои поотекнуваат експонатите се многубројни, но највредните потекнуваат од Европа, Азија и Северна Африка. Експонатите се истакнуваат со својата уметничка вредност и нивни експресивни особини.