Производна дејност
Производната дејност во Научниот институт за тутун во Прилеп се остварува преку Одделот за производство на тутунско семе и тутун, во соработка со сите останати Одделенија.
Овај Оддел врши производство, доработка и дистрибуција на семенски материјал координирано со потребите на тутунското стопанство во земјата и пошироко.
Согласно законот за семе и саден материјал Научниот Институт за тутун е овластен за производство, доработка и дистрибуција на семенски материјал од тутун и е единствена овластена инстутуција во Р. С. Македонија.
Kако дополнителна дејност НИТП произведува и околу 5 тони тутун/годишно од парцелите за производство на семенски материјал и опитните истражувања.