Научно-истражувачка дејност

Основна задача на НИТП е да ги унапредува производството, обработката, преработката и економиката на тутунот.

Научно-истражувачката дејност во оваа институција се изведува во повеќе насоки и тоа:

  • Креирање на нови сорти и одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун
  • Оптимизирање на агротехничките мерки
  • Проучување на болестите, штетниците и плевелите на тутунот
  • Испитување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки
  • Проучување на процесите на побербената обработка на тутунската суровина
  • Проучување на економската проблематика на тутунското стопанисување

Во изминатите осум децении како резултат на научно-истражувачката и апликативната работа научните и стручните работници од НИТП објавиле повеќе од 2000 научни и стручни трудови. Во овој период реализирани се вкупно 209 научно-истражувачки проекти. Научниот институт за тутун учествува во долгорочниот проект на CORESTA “Патогеничноста на пераноспората” со своите сорти V53 (вирџинија) и Б2/93 (берлеј), каде сортата V53 има постигнато завидни резултати. Постигнатите резултати од научно-истражувачката работа научните работници од НИТП ги презентираат на бројни конгреси, симпозиуми и советувања организирани во земјата и странство.

Научниот Институт за тутун-Прилеп е членка на меѓународната организација за научни истражувања од областа на тутунот – CORESTA
Институтот за тутун има склучено договори за научно стручна соработка со следниве институтции:

  • Земјоделски факултет, Република Србија
  • Институтот за тутун и тутунски преработки во Пловдив – Бугарија и др.
  • Институт за проучавање лековитог биља , Република Србија
  • Институт за земљиште , Република Србија
  • Технолошки факултет,Република Србија
  • Институт за економику пољопривреде Београд, Република Србија
  • Институт за ратарство и повртарство, Република Србија
  • Ветеринарен факултет Битола