Издавачка дејност

Пишаниот збор е еден од поголемите човечки пронајдоци, кој ги поврува луѓето низ годините и светот. Преку издавачката дејност Научниот институт за тутун од Прилеп даде свој печат низ годините.

НИТП преку издавачката дејност континуирано се презентира со достигнатите научноистражувачки и стручни достигнувања од областа на тутунот.

Тука спаѓаат монографии, библиографии, учебници, книги, практикуми, прирачници, каталози и годишни извештаи.

Во НИТП од 1951 година па се до денес континуирано се издава меѓународното списание ТУТУН/TOBACCO, кое претставува единствено списание на тутунската наука и струка во Р.С. Македонија. Од 2010 година списанието ТУТУН/TOBACCO е списание со меѓународен карактер.

Сите упатства за објавување на трудови ова списание како и можност за претплата можат да се најдат на оваа WEB страница www.tobaccobulletin.mk