Едукативна дејност
Научниот институт за тутун од Прилеп се карактеризира со десетдецениска научноистражувачка дејност, која континуирано ja развива и имплементира во образувањето на академски кадри во повеќе области, и директно влијае во унапредување на производството, обработката и преработката и економијата на тутунот. Следејќи ја неговата долгорочна мисија, Научниот институт за тутун-Прилеп уште од 1994 година се приклучува на високообразовната дејност, вршејќи низ годините имплементацијата на современите научноистражувачки резултати, знаења и можности и дисеминација на истите преку образование на младите академски кадри.
Денес како членка на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, Научниот институт за тутун врши високообразовна дејност во согласност со концептот на модерното универзитетско образование од:
- Втор циклус универзитетски академски студии- постдиполмски студии oд следните студиски програми:
-
- Производство на тутун (реакредитација 2022/2023)
- Обработка и преработка на тутун (реакредитација 2022/2023)
- Агроменаџмент во тутунското стопанство (реакредитација 2022/2023).
- Трет циклус универзитетски академски студии –студиска програма:
-
- Tехнологија на производство и обработка на тутун и производи од тутун (акредитација 2019/2020)
Целта е кандидатите да се стекнат со најдобра можна комбинација на теоретски, практични и стручни знаења од избраната област, со што би поседувале современи теоретски и практични вештини од областа на производството, обработката и преработката на тутунот, како и агроменаџментот во тутунско стопанство.
Сите студиски програми се акредитирани/реакредитирани од Одборот за акредитација на Република Македонија.
Според Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор и трет циклус студии на Универзитетот”Св. Климент Охридски” – Битола и акредитираните студиските програми, соодветно студентите се стекнуваат со звање:
-
- магистер по биотехнички науки, oбласт – производство на тутун,
- магистер по биотехнички науки, oбласт – oбработка и преработка на тутун
- магистер по биотехнички науки – агроменаџмент во тутунското стопанство
- доктор по биотехнички науки, oбласт – индустриски култури
Во услови на осовременување на производството на ориенталскиот тутун во Македонија и присуството на странски компании регистрирани за откуп на тутун, како и поддршката на Владата на Р.С. Македонија, во развојот на тутунското производство, се поголема е потребата од ваков кадар на пазарот на трудот во нашата земја, имајќи во предвид дека тутунот е една од најпрофитабилните гранки во Македонија како за државата така и за непосредните производители на тутун, гранка која има регулирани законски односи на откупувач и производител со загарантирани цени и откуп.