Библиотека
Библиотеката во Научниот институт за тутун-Прилеп се формира со самото формирање на опитната станица кога се направени првите напори за прибирање на книги и водење на библиотечна евиденција. Според евиденционата книга на 19 март 1929 година истата поседувала 172 книги.
Денес библиотеката располага со богат книжен фонд од домашни и странски изданија на книги/ учебници со научна и стручна литература поврзани во најголем дел со културата тутун. Исто така и со голем број странски и домашни стручни списанија од разни области на целокупната дејност на Институтот и разни видови публикации и друга литература. НИТП поседува и изданија кои се дел од владините проекти за превод на професионални и научни книги за високото образование.