Втор циклус (последипломски)

Какo членка на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, ИТП организира последипломски студии и изработка и одбрана на докторски дисертации според Правилникот за последипломски и докторски студии и стекнување на докторат на науки на Научниот Институт за тутун – Прилеп од 2002 година.

Има за цел кандидатите да се стекнат со што е можно подобра комбинација на теоретско, практично и стручно знаење од избраната област, така што како магистри по земјоделски науки би поседувале современи теоретски и практични вештини од областа на производството, обработката и преработката на тутун, како и агроменаџмент во тутунското стопанство.

На втор циклус студии акредитирани се следниве ментори:

  • Проф. д-р Гордана Мицеска (Одбор за акредитација и евалуација на високото образование, Решение бр 13-155/6 од 11.02.2016)
  • Проф. д-р Мирослав Димитриески (Решение бр 13-155/2 од 11.02.2016)
  • Проф. д-р Ана Корубин – Алексоска (Решение бр 18-103/2 од 17.10.2016)
  • Проф. д-р Валентина Пеливаноска (Решение бр. 13-155/3 од 11.02.2016)
  • Проф. д-р Марија Србиноска (Решение бр 13-155/4 од 11.02.2016)
  • Проф. д-р Биљана Гвероска (Решение бр. 13-155/5 од 11.02.2016)
  • Проф. д-р Весна Крстеска (Решение бр. 13-155/7 од 11.02.2016)
  • проф. д-р Петре Ташкоски (Решение бр. 18-465/2 од 09.03.2017 год.)
  • Вон. проф. д-р Силвана Пашоска (Решение бр 18-299/2 од 17.10.2016)
  • Вон. професор д-р Каролина Кочоска (Решение бр. 1409-379/2 од 04.04.2018 год.)
  • Вон. проф. д-р Билјана Јорданоска Шишкоска (Решение бр. 1409-397/3 од 04.04.2018 год.)