За студиите

Следејќи ја својата долгорочна мисија, Научниот институт за тутун – Прилеп уште од 1994 година се приклучува на високообразовната дејност, вршејќи низ годините имплементација на современите научно-истражувачки резултати, знаења и можности како и дисеминација на истите преку докторските студии, со цел образование на младите академски кадри. Во 1998 год., од Министерството за образование и физичка култура  добива согласност за организирање на последипломски студии.

Денес, како членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Научниот институт за тутун врши високообразовна дејност, односно организира втор и трет циклус универзитетски академски студии. Студиите им овозможуваат на кандидатите да се стекнат со што е можно подобра комбинација на теоретско, практично и стручно знаење од избраната област, така што би поседувале современи теоретски и практични вештини.

Сите студиски програми се акредитирани/реакредитирани од Одборот за акредитација на Република Македонија.