На 29.02.2024 година, Универзитетот во Тетово и Научниот институт за тутун во Прилеп потпишаа меморандум за соработка. Овој меморандум ќе се реализира преку Земјоделско-биотехнолошкиот факултет на Универзитетот во Тетово и Научниот институт за тутун во Прилеп. Потписниците на овој договор, ректорот проф. Д-р Јусуф Зејнели и директорот на Научниот институт за тутун проф. Д-р Валентина Пеливаноска се согласија да разменуваат технички информации, научна литература и искуства од областа на истражувачко – научна работа, да градат стручно – научна соработка во областа на хидробиологијата, генетиката, загадувањето на почвата, обезбедување на здрава природна храна и во други научни области.

Оваа соработка, меѓу другото, вклучува и размена на научници и експерти; координација и имплементација на заедничко истражување на договорените теми; употребата на опрема во релевантните лаборатории; заеднички истражувачко-научни проекти; можност за заеднички презентации на научници од двете институции на консултации, симпозиуми и други манифестации; објавување на посебни или периодични публикации поврзани со заедничките интереси, односно активности; организација на конгреси, симпозиум, семинари, работилници, др., како и многу други активности поврзани со земјоделството и биотехнологијата.

На средбата одржана од ректорот проф. Д-р Јусуф Зејнели со директорот на проф. д-р Валентина Пеливановска, учествуваа и проректорката за меѓународна соработка проф. Д-р Салајдин Салихи, раководител на Канцеларијата за меѓународна соработка доц. д-р Хатибе Деари-Зеќири, декан на Земјоделско-биотехнолошки факултет Д-р Бардил Лимани, професор на овој факултет Доц. д-р Зејнедије Адеми и Валмиша Нови – лидер на ректоротскиот кабинет.