На 25.04.2023 година се одржа Отворен ден на УКЛО- “УКЛО и пријателите” под мотото “Нови перспективи” на кој зедоа учество и јавни институции, бизнис заедницата, стопанската комора, граѓанскиот сектор, бројни компании, организации и поддржувачи на Универзитетот “Св. Климент Охридски” -Битола. Покрај претставување на студиските програми, посетителите се запознаа со можноста за добивање уписнини, стипендии, остварување на мобилност и воннаставни активности што се одржуваат и организираат на единиците на УКЛО. НИТП и останатите единици успешно се претставија со промотивен и презентациски материјал.