На 9.03.2023 година се одржа состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ на кои зедоа учество Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ м-р Љупчо Николовски, директорот на Фитосанитарната управа во МЗШВ на РСМ д-р Ментор Зекири, директорот на УКЛО-Научен институт за тутун-Прилеп проф. д-р Валентина Пеливаноска, деканот на УКИМ-Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје проф. д-р Вјекослав Танасковиќ и деканот на УГД-Земјоделски факултет-Штип проф. д-р Емилија Арсов  на кој се потпиша договор за лиценцирање на овластени лица кои се во системот на ставање во промет на фитофармацевтските производи-ФФП. Со тоа би се ставил голем импут во стекнување на знаења кај земјодлеците и пласирање на производите кои се применуваат во ЕУ пазарот и доближување на македонското законодавство до европското.