На 28.09.2022 година Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на проектот “Лице в лице со Претседателот” го посети Музејот за тутун во Прилеп. Притоа тој оствари средба со директорот на ЈНУ Институтот за старословенска култура-Прилеп д-р Александар Василески- научен соработник, директорот на Научен институт за тутун-Прилеп проф д-р Валентина Пеливаноска-редовен професор, научен советник и в.д. директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп Горанчо Цветкоски- кустос, етнолог. На средбата меѓу другото, Претседателот Пендаровски беше запознаен со научната, образовната, апликативната и производната дејност на НИТП, како и со проблемите со кои се соочуваат Научните институти во државата.